Претставници од дипломатскиот кор се потпишуваат во книгата на жалост

Претставници на дипломаткиот кор во земјава вчера и денеска се потпишуваат и го изразија своето сочувство во книгата на жалост за жртвите во катастрофалното невреме во Скопје, што е отворена во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Во книгата на жалост се потпиша амбасадорите на САД, Русија, Велика Британија, Србија, Албанија, Полска, Украина претставници на амбасадите од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, како и претставници на меѓународните организации УНДП, ОБСЕ и Светска Банка во Република Македонија.

kniga na zalost1

Град Скопје изразува благодарност до претставниците на дипломатскиот кор за изразеното сочуство и за поддршката во овие тешки моменти за жителите на градот Скопје.

kniga na zalost2

Книгата на жалост ќе биде отворена и утре од 9 до 16 часот.

kniga na zalost3

kniga na zalost4

kniga na zalost5

kniga na zalost6