Македонија

Претставник на БЕСА во ДИК ќе го замени претставникот на ДПА

Претставник на БЕСА во ДИК ќе го замени претставникот на ДПА

Со 77 гласови „за“, без нитуе ден „против“ или воздржан, Собранието во понеделникот на 13-та седица, ги усвои измените на Изборниот законик, а според договореното на координацијата меѓу политичките партии, беше постигнат договор за измени во изборниот законик во делот околу составот на членството на Државната изборна комисија (ДИК), односно наместо досегашниот членот на ДПА, врз основа на резултатите од последните парламентарни избори, ќе дојде претставник од партијата Движење БЕСА.

Измените беа побарани од група пратеници со цел членовите на ДИК да ја отсликуваат реалната состојба во распределбата на пратеничките мандати во парламентот. На последните парламентарни избори БЕСА освои повеќе пратенички мандати од ДПА.

Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласно со постоечкиот однос на партиите во Собранието.

Претходно пратеникот на БЕСА Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на ДИК на претстојните локални избори. Во спротивно, истакна Зендели, одлуките на Комисиајта би биле нелегални и нелегитимни.

Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.