Претставник на британската Канцеларија за надворешни работи денес на средба со заменикот на рускиот амбасадор во Лондон

Заменикот на рускиот амбасадор во Лондон денес ќе се сретне со официјален претставник на Канцеларијата за надворешни работи заради разговор во врска со коментарите кои наследникот на британскиот престол принцот Чарлс наводно ги изнел за рускиот претседател Владимир Путин споредувајќи го со Адолф Хитлер.

Британскиот весник „Дејли мејл“ вчера објави дека принцот Чарлс, во текот на посетата на Канада, постапките на претседателот Путин ги спореди со оние на Адолф Хитлер.

Портпаролот на Канцеларијата за надворешни работи го потврдил барањето за состанок со претставникот на британското Министерство за надворешни работи поднсено вчера, а ќе се одржи денес, пренесува Би Би Си.

Се верува дека амбасадата на Русија во Велика барала објаснување за забелешките на Принцот Чарлс.

Во Кларенс Хаус, званичната резиденција на принцот Чарлс во Лондон, не сакаат да го коментираат она што тие го опишале како приватен разговор, но нагласија дека „принцот од Велс не би дал јавна политичка изјава во тек на приватен разговор“.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, неколку сведоци слушнале како принцот го изнесува споменатото споредување во тек на разговорот со Маријана Фергусон, 78-годишна жена која на тринаесет години побегнала од Полска пред нацистите и го изгубила целото семејствово холокаустот, пренесоа новинските агенции.

„Разговарав со нив за моето потекло и тоа како успеав да стигнам во Канада. Принцот во еден момент рече: „А Путин сега го прави скоро истото она што го правеше и Хитлер“, рекла Фергусон.

„Морам да кажам дека се сложувам со него и, сигурна сум, уште и многу други луѓе.“, истакнала таа и додала: „Бев многу изненадена кога тој тоа го рече, имајќи предвид дека членовите на кралското семејство не би требало да изнесуваат такви коментари, но овој коментар беше сосема искрен.“

Фергусон се сретнала со принцот Чарлс во текот на неговата посета во Канадскиот музеј на имиграцијата во Халифакс, во канадската провинскија Нова Шкотска.

Принцот, кој отседнувал во четиридневна посета на Канада со сопругата, Камила, требало да се сретне со Путин а 6-ти јуни во Франција по повод на обележувањето на годишнината на Нормандија.