Претставување на проектот „Македонија вработува“ во општина Чаир

Штандови на кои тимови од Агенцијата ќе ги информираат граѓаните за проектот „Македонија вработува“се поставени позади маркетот „Веро“во општина Чаир.

Синоќа, со бенефитите од проектот се запознаа жителите од скопската општина Карпош, а претходно и жителите на Аеродром.

Со проектот што го најави Владата се очекува да се зголеми вработеноста. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години со обврска една година да ги задржат на работа.

За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање на придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.

За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање на придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање на придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа

Преку проектот за нешто повеќе од еден месец, колкушто се спроведува, работа добиле повеќе од 1.600 лица, од кои деведесеттина постари од 58 години.