Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес

Новите превентивни мерки и активности кај матичните лекари за превентивен скрининг кај пациентите во првите шест месеци се спроведени на 325.000 лица. Со оваа акција, кај 55.000 лица се откриени ризици од срцеви заболувања, кај 45.000 лица ризик од дијабетес и кај 12.000 лица ризик од бубрежни заболувања.

Со рано откривање на овие болести здравствените работници и фондот за здравстено осигурување спречија: ампутации кај дијабетично стапало, слепило предизвикано од дијабетес, спречување на мозочни и срцеви удари, компликации од мозочни и срцеви удари како што се губење на од и говор, одземеност на екстремитети, генерална инвалидност, се одложува дијализа кај бубрежно болните и се спречува предвремена смрт.

За сите овие пациенти каде се навремено откриени овие болести, главната терапија се сведува на неколку основни постулати, а тоа се: Здрава исрана, редовна физичка активност, здрави навики,  почитување на препораките на докторите.

Фондот преку матичните лекари, во соработка со здруженијата на лекари и пациенти, изработи посебни брошури- потсетници, наменети за овие хронични пациенти и на секој пациент при посетата покрај веќе постоечката терапија му се издава и овој потсетник каде се наведени периодичните прегледи кои пациентот мора да ги изврши со цел стопирање на прогресијата на болеста.

Фондот апелира до сите граѓани да се појават на закажаниот преглед кај матичниот лекар за спроведување на превенцијата, а во зависност од ризикот кој ќе се одреди, да ги следи напатствијата и ако треба да се извршат специјалистички прегледи да не одбиваат. Иако осигуреникот се чувствува релативно добро, подобро е тоа да биде потврдено од стручни лица , а не да остане само на лично мнение.

Овој мега проект нема за цел статистичко евидентирање туку грижа, едукација на пациентите и навремено откривање на скриените заболувања. Лошата статистика нека има за цел да не поттикне сите нас да го извршиме овој превентивен преглед и во наредните 10 години да бидеме сигурни дека нема да бидеме црна бројка. Од 325.000 лица на кои им е извршена превенцијата и е утврден ризик, доколку не се грижат за своето здравје и не ги слушаат советите на лекарите во наредните 10 години: На 9.000 лица ќе им окаже бубрежната функција ( ќе завршат на дијализа) ,на 14.400 лица ќе развијат инсулино -зависен  дијабетес,  2.000 лица предвремено ќе го завршат својот живот поради фатална кардиоваскуларна епизода (срцев и мозочен удар).