Превентивна ревакцинација против јазлеста кожа

Европските земји учат од македонскиот пример за методите со справување со болеста јазлеста кожа од која годинава беше погодена и нашата земја.

Мината недела во Лисабон се одржа состанок организиран од светската организација за заштита на животните бидејќи  болеста јазлеста кожа има тенденција да се шири во сите Европски земји, истакна директорот на агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

На состанокот во фокус биле ставени искуствата на нашите ветеринарни власти врз кои ќе се темелат и  измените на европската регулатива за справување со болеста. Странските експерти ги преточија мерките спроведени во нашата земја – во драфт верзија на европската легислатива за болеста јазлеста кожа.

Поради позитивната оценка од страна на Европската комисија, нашата држава ќе добие можност и за рефундирање на потрошените средства. За почеток добиен е дел од тие средства, за кои што се очекува дека набрзо ќе и бидат вратени на нашата земја во целост. Во врска со надоместот на штета за сточарите, бидејќи истите егзистираат од животните, од очекувани 1500 , добиени се 950 барања.

Болеста веќе подолг период е ставена под контрола бидејќи се вакцинирани сите животни, вели Поповски. Нема тенденција на ширење, сепак како што вели тој, иако годинешната вакцинација создава имунитет за 3 години кај говедата, сепак на пролет ќе се изврши ревакцинација кај животните,како кај нас така и во регионот, за да се зголеми превенцијата  согласно оперативниот план на ветеринарните власти.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.