Превземени мерки на МНР во врска со работењето на Амбасадорот Фуад Хасановиќ во ДКП-Доха

Во врска со објавените информации во некои медиуми околу работењето на Амбасадорот Фуад Хасановиќ во дипломатско конзуларното претставништво во Доха-Катар.

„Во рамките на системот за внатрешна контрола на работењето во дипломатско-конзуларните претставништва на РМ, министерството за надворешни работи констатираше неправилности и отстапување од добрите практики во амбасадата во Доха. Во врска со предметниот случај и во функција на спроведување на внатрешната ревизија, Амбасадорот Хасановиќ беше повикан на консултации и негово произнесување во земјата, во текот на јуни-јули 2014 г.Согласно конечниот ревизорски извештај се констатираше неправилно управување со дел од ресурсите во амбасадата во Доха од страна на Амбасадорот Хасановиќ и истиот е задолжен да го врати износот на средства во целост.Во тек е правна постапка за нанесената штета во рамки на која се поднесува пријава до надлежните инстанци,“ велат од МНР.