Презентација на динамо-велосипеди во АСУЦ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска присуствуваше на презентацијата на динамо-велосипеди (полнење на мобилни телефони), како и презентации на средношколки проекти во развој, мапата за велосипедски патеки и на апликацијата Патувај зелено, што се одржаа во Средното училиште на Град Скопје „Боро Петрушевски“, во рамки на Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје.

„Градот Скопје денеска со организирањето на Деновите на енергетика од 25 до 27.11.2014 година, ја потврдува намерата за реализација на проектите од областа на енергетската ефикасност. Свесни сме се повисоките трошоци за енергија, важноста за сигурно снабдување со енeргија, како и климатските промени предизвикани од ирационални користење на енергијата. Тоа е во согласност со сопствените оперативни планови, кои ќе придонесат за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија. Со овој настан почнуваат Деновите на енергетска ефикансност 2014 кои финансиски ги поддржа ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), со кои се организираат настаните во областа на мобилноста и сообраќајот, а учениците на СУГС „Боро Петрушевски“ ќе го претстават велосипед кој со неговото движење полни мобилни телефони, нивни други идни вакви проекти, а Градот ќе изврши промоција на апликацијата green route (патувај зелено) и на велосипедските патеки во Скопје. На 26.11 2014 година, во Младинскиот културен центар ќе се изврши проекции на едукативни филмови за граѓаните и директорите на училиштата и културните институции и професори кои работат на тематика на заштита на природата и енергетска ефикасност, а на 27.11.2014 год свечено се пушта во употреба новата реконструирана фасада на СУГС Јосип Броз Тито, која по пат на кофинансирање од УНДП целосно е реконструирана“, истакана градоначалникот Трајановски.

denovi energetska efikasnost (2)

Градот Скопје во изминатиот период незапирливо работеше и замени над 95% на уличните светилки кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни) и изврши економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулкација), речиси во сите објекти кои се под надлежност на Град Скопје. Исто така, гасифицирани се две средни училишта, а во тек е изведбата за гасификација на уште две училишта, заменете се старите прозорци со ПВЦ прозорци речиси во сите средни училишта кои се под ингеренции на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на кровната конструкција на СУГС Јосип Броз Тито, како мерки за енергетска ефикасност на објекти.

denovi energetska efikasnost (3)

Градоначалникот Трајновски посочи дека Градот Скопје може да се пофали и дека е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот, 100% нови автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие со кои ќе се заштедат големи количества гориво и ќе се зголеми квалитетот на воздухот во Градот. Како приоритет го посочи проектот и заложбата за развивање на свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства проширувајќи ги постојните велосипедски патеки и градејќи нови, и исто така, посочи дека досега Градот има изградено велосипетски патеки во должина од 60 километри по главните сообраќајници и околу 20 километри на двете страни од кејот на реката Вардар, и дека по завршувањето на планираните сообрајни решенија во 2017 година, граѓаните ќе можат непречено возејќи велосипед да стигнат до која сакат дестинација во градот.

Директор на канцеларијата на ГИЗ за Македонија и Косово, Џејмс Макбет, истакна дека Град Скопје е прв град во кој се организираат вакви денови и се надева дека тој ќе биде огледало од кој другите градови ќе учат за ваква организација.