Македонија

Презентација на енергетска ефикасност на Саемот за градежништво

Презентација на енергетска ефикасност на Саемот за градежништво

Енергетската ефикасност на згради и нивната пожарна безбедност е тема на презентацијата најавена за денеска на Скопски саем, како дел од активностите на саемските манифестации за градежништво и недвижности.

Пред претставници на градежни компании коишто применуваат мерки за енергетска ефикасност, енергетски контролори, проектанти, изведувачи, ќе бидат презентирани оценки за енергетската политика, енергетската ефикасност на згради, материјали за топлинска изолација и топлински мостови. Ќе се разговара и за пожарната безбедност на новите и старите згради во државава коишто се градат или реконструираат како енергетски ефикасни.

Презентацијата е  во организација на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, со учество и на експерти за енергетска ефикасност и професори од Градежниот факултет при УКИМ