Презентација на Истанбулската конвенција за борба против насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска организираат работен состанок на тема „Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство“.

Целта  е презентација на содржината и препораките на Истанбулската конвенција и дискусија за важноста од вклучување на медиумите во процесот на лобирање и застапување за ратификација на овој меѓународен документ.