Презентација на мерките за окрупнување на земјоделското земјиште

Во Свети Николе денеска ќе се одржи прва јавна презентација на мерките и активностите на процесот на окрупнување на земјоделското земјиште.

Презентацијата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ќе ја посети и демо фармата што се наоѓа на влезот во Свети Николе (до Славјанскиот универзитет).