Презентација на мобилен систем за снимање со камери на Табановце

На  Граничниот премин Табановце денеска ќе биде презентиран проектот „Мобилен систем за снимање со камери“ при што ќе бидат делени едукативни материјали – летоци за запознавање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање и за целите на проектот.

На презентацијата ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски.

На презентацијата ќе биде означен и почетокот на превентивната акција за делење едукативни материјали за влијанието на заморот и брзото возење на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.