Презентација на можностите за инвестирање во Македонија пред украиснки компании

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прaшања, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески и амбасадорот на Република Македонија во Украина, Столе Змејкоски,  ги презентираа поволностите и можностите за инвестирање во Република Македонија на бизнис форум во Киев.

Бизнис форумот е во заедничка организација на Амбасадата на Република Македонија во Украина и компанијата KPMG, а присуствуваа претставници од вкупно 40 компании.

За време на посетата на Украина, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески поволните услови за инвестирање во Република Македонија ги презентираа на уште два бизнис форуми, организирани во соработка со Стопанската комора на Украина и во соработка со Украинско – Британската комора за трговија.

invest-vpp2

Со тоа вкупниот број на компании пред кои беа презентирани предностите за инвестиции во македонската економија надмина бројка од 100 компании.

Дополнително, вицепремиерот Пешевски и министерот Павлески, одржаа повеќе работни средби со претставници на компании од различни бизнис сектори кои пројавија особен интерес за инвестициските можности во Македонија.