Презентација на несмртоносно оружје во касарната „Илинден“

Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде презентирана опремата – несмртоносно оружје, донирана од Соединетите Американски Држави за потребите на баталјонот на Воена полиција (бВП) во Здружената оперативна команда на АРМ.

На промоцијата ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

По презентацијата на опремата, припадниците на батаљот на Воена полиција ќе прикажат воено-показна вежба, од обуката на оваа единица.