Презентација на нови мерки за поттикнување на вработувањата пред членките на СКМ

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ќе се обрати на презентацијата за новите мерки за поттикнување на вработувањата во 2014-та година пред членките на Стопанската комора на Македонија.

Настанот ќе се одржи во просториите на Комората од 11 часот.