понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Презентација на програмата на Вевчанскиот карневал 2017

Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

vevcanski-karneval-1

Последни вести

Oпштина Вевчани денеска ќе ја презентира програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата.

На презентацијата на програмата ќе учествуваат дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, претставник од Министерство за култура и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.

Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

Карневалот според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Учесниците на карневалот изведуваат традиционални обредни игри со современи маски, а во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.

Вевчанскиот карневал има традиција повеќе од 1.400 години и е спој меѓу паганското и современото.

Најчитани вести