Презентација за вработување лица од ранливи категории во општина Аеродром

Во просториите на ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром вчера се одржа презентација на активните мерки и програми, коишто се достапни преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Презентацијата беше наменета за информирање на невработените лица, но и за фирмите, кои сакаат да вработат лица од ранливите категории.

Општина Аеродром во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и во иднина ќе одржува слични настани, со кои ќе се настојува да им се излезе во пресрет на сите засегнати лица.

Во таа насока, АВРМ неодамна отвори дисперзирана канцеларија во Општина Аеродром, која се наоѓа на бул. „Јане Сандански“ бр. 48/1-1 (зад Мекдоналдс), со цел да се доближат услугите на Агенцијата до невработените лица и работодавачите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.