Презентиран толковниот речник на македонскиот јазик

издание осовременето, дополнето со нови зборови, со упатувања за тоа кои зборови веќе се излезени од употреба односно се сметаат за архаични наспроти зборови, нови термини од различни области, како на пример од општествено-политичкиот живот, од областа на информатиката и многу други,

– Така што насушна беше потребата да биде објавен овој капитален лексикографски труд на Институтот за македонски јазик во кој е вложен макотрпниот труд на повеќе генерации истражувачи кои вложуваа лексички единици во картотечниот фонд најпрво, а потоа и во обработката на материјалот, рече Макаријоска.

Овој речник, посочи, би требало да биде основно помагало на сите универзитети, за сите лектори, и секако за повеќе библиотеки во странство.

– Би требало да го користат и нашите иселеници во кој би можеле да добијат помагало за сето она што ги интересира со врска со лексиката на македонскиот јазик, додаде Макаријоска.