Презентирани можностите за подобар ран детски развој во градинката „Буба Мара“

Едукативна работилница на тема „Детскиот развој во предучилишниот развој“, се одржа во просториите на ЈУДГ „Буба Мара“, на која учествуваа родителите, воспитниот тим на градинката, како и стручниот тим на детската градинка „Детска Радост“ од Скопје.

Целта на оваа едукативна работилница е промовирање на раниот детски развој и запознавање на учесниците со фазите на говорот кај децата.

Исто така, на работилницата се разговараше за потребата од воспоставување социјална интеракција на децата со децата и на децата со возрасните, при што учесниците се запознаа со емоциите кај децата, стекнување навики за здрав живот кај децата во предучилишниот период, како и влијанието на физичките, ликовните и музичките активности врз развојот на децата.