Презентирани технологии за водоводна и канализациска мрежа

Претставници од јапонската организација за надворешна трговија „Јетро“ денеска во Скопје презентираа нови технологии за изградба и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа со намалување на рововски ископи.

Технологијата, според директорот на организацијата Хирофуми Оно, е еколошки насочена, не предизвикува загадувања на подрачјето, а ќе биде од помош за рехабилитација на целиот систем во Македонија.

– Нашата цел не е само да инвестираме во други земји, туку и да го потпомогнеме бизнисот во тие земји, да се развиваме и ние како компанија, но да донесеме нешто јапонско во тие земји за да им помогнеме, рече Оно.

Потсети на изработката на физибилити студија за проектот за подобрување на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Проектот, според Оно, е многу битен за заштитата на водите, а треба да се даде поддршка и преку јавниот и приватниот сектор.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски изрази благодарност до јапонската Агенција за меѓународна соработка, за поддршката за изработка на студија за пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје и физибилити студија за подобрување на работата на колекторскиот систем на Охридското Езеро за рехабилитација и доградба на цевководот за отпадни води од Охридскиот регион.

– Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со релевантните општини вложува напори за заштита на сливното подрачје во Охридскиот регион преку повеќе активности поддржани од јапонски експерти и инструментот за предпристапна помош на Европската унија, рече Темелковски.

Јапонската организација за надворешна трговија „Јетро“ е владина со над 76 претставништва од кои само во Јапонија има канцеларии во Токио и Осака и 41 претставништво. Од канцеларијата во Виена работат за Македонија и за земјите од поранешна Југославија, за Словачка, Бугарија,…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.