Преживеаните ученици од Јужнокорејската трагедија се вратија на училиште

Повеќе од 70 преживеани во јужнокорејската трагедија, во која околу 300 луѓе во април загинале при превртување на траект, денес се вратија во училишните клупи, со поддршка на своите семејства, но и семејствата на загинатите учници.

Од 476 луѓе на тракетот Севол, 325 беа ученици од средното училиште Санвон во градот Асан, од кои околу 250 ги загинаа, пренесе агенцијата АФП, наведувајќи дека училиштето Данвон станало симбол на човечка трагедија.

Еден од учениците во име на преживеаните побарал јавноста да ги остави на мира да продоложат со нормален живот.

Поголемиот дел од преживеаните оделе на повеќенеделни интензивни терапии за да се изборат со траумата после несреќата.

Во текот на судењето на капетанот и екипажот на траектот, а многу од преживеаните ученици идниот месец ќе сведочат.

Капетанот Ли Џон Сеук и тројца членови на екипажот се обвинети за “убиство од невнимание со предумисла“, а ако бидат прогласени за криви би можеле да бидат осудени на смртна казна. Останатите 11 обвинети се товарат за помали прекршувања на поморскиот закон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.