При крај е изградбата на паркинг кај манастриот „Свети Пантелејмон”

Реконструкцијата на постоечкиот паркинг простор е готов, додека изградбата на новиот е во завршна фаза каде денеска се вршеше асфалтирање.

„Новиот паркинг простор е изграден на површина од 2400 метри квадратни, каде се поставени два слоја на асфалт. Првиот е од вид БХНС со дебелина од 22,7 сантиметри, додека вториот е од вид АБ 11 со дебелина од 5 сантиметри. Реконструираниот паркинг простор има капацитет од 72 паркинг места, додека со изградбата на новиот паркинг простор ќе се обезбедат дополнителни 120 паркинг места. Со реконструкцијата и изградбата на новиот паркинг простор значително ќе се подобри пристапноста за сите посетители на манастирот „Свети Пантелејмон” и „Етно селото” кое е во изградба, како и на сите посетители на планината Водно“, кажа градоначалникот Трајановски.

Реконструкцијата на постоечкиот и изградбата на новиот паркинг простор опфати градежни активности на вкупна површина од 4.300 метри квадратни, со што ќе се добијат вкупно 192 паркинг места.

За реализацијата на овој проект потрошени се околу 8,5 милиони денари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.