При претрес на куќа, дилери со вили и токмак повредиле полицајци

Полицијата сакала да врши претрес во семејна куќа во Скопје, но таму се случила вистинска драма. Според информациите од МВР,  вчера околу  6.30 часот во Скопје на улица Нов Живот, во домот на  41-годипниот З.И., поради основано сомнение дека истиот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, полицијата требало да  изврши престрес.

Откако поицајците го повикале З.И. да ја отвори заклучената влезна врата, тој излегол, им кажал да го почекаат да се облече, по што влегол внатре, се искачил на покривот, и почнал да вика и да ги навредува полициските службеници.

Потоа почнал да вади салонитни табли од покривната конструкција и ги фрлал кон полициските службеници. Потоа ја откорнал антената од покривот и повторно со закани и пцовки истата ја фрлил кон полицајците.

Околу 6.50 часот по усна наредба полициските службеници се повлекле на  безбедно место  и побарале дополнителни екипи од ЕПОИ АЛФА и ПС ОН Чаир. Откако се повлекле, на улицата излегле неколку машки лица со вила, токмак и бекатонски цигли, со кои почнале да замавнуваат кон полициските службеници. И покрај наредбата да ги спуштат предметите, во еден момент М.К. замавнал со вилата, при што удрил полициски службеник од АЛФА во пределот на левата рака – левиот рачен зглоб.
Потоа,  истиот со вилата замавнал кон друг полициски службеник, но истиот употребил блок и ударот со вилата завршил во левата потколеница, по што М.К. ја фрлил вилата и избегал во непознат правец, додека С. К. го фрлил токмакот и истиот е лишен од слобода заедно со М.С. и З. И.

Од страна на Брза помош   укажана му била прва помош на еден полициски службеник во полицискта станица –  Чаир и истиот со екипа од Брзата помош е пренесен во Ургентен Центар, каде му е констатирана тешка телесна повреда -фрактура, додека другиот полициски службеник се здобил со телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.