При семејна расправија син пукал кон татко си

Татко и син од Пробиштип се скарале, по што дошло до истрели од огнено оружје.

На 05.07.2016 година во 21,20 часот во Пробиштип, на ул.„Јаким Стојковски“, во куќата сопственост на В.С.(59), настанала расправија помеѓу В.С. и неговиот син Г.С.(35), кој живее во Скопје.

Г.С. го земал пиштолот „М 70 Пара“ калибар 9мм (кој со дозвола го поседувал В.С.), и во ходникот испукал еден куршум во правец кон влезната врата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.