При судирите на истанбулскиот универзитет, уапсени 17 студенти

Седумнаесет студенти биле уапсени од полицијата при судир меѓу противнички групи во Истанбулскиот универзитет, каде во последните недели избиваат жестоки инциденти меѓу приврзаниците и противниците на џихадистите, објави МИА.

Во факултетот за природни науки, каде што се случил судирот, биле испратени цивилни полицајци и екипи на силите за брзо реагирање. Дел од приведените студенти се полесно повредени.

Уапсените извикувале „Да живеат студентите муслимани“ и „Ние сме муслимански студенти, нема да дозволиме да не навредуваат“.

Повредените биле пренесени во болница, а полициски екипи ја обезбедуваат образовната институција.

Првите судири на Универзитетот избувнаа на 26 септември, кога приврзаници на групата Исламска држава (ИД) се спротивставија на антиџихадистички митинг, организиран од левоекстремистички активисти во кампус на Универзитетот во квартот Бејазит.