Прибак се чувствува подобро, можен е негов настап против Хрватска

Еден од најдобрите ракометари во македонската репрезентација до овој момент, Немања Прибак во текот на вчерашниот ден имаше труење од сладолед, а шансите за настап против Хрватска беа минимални.

Сепак, по примената инфузија и преспиената ноќ, Прибак се чувствува далеку подобро, па дури има прогнози според кои, доколку биде потребно, тој ќе може да им помогне на своите колеги од репрезентација на мечот против Хрватска.

Инаку нашите ракометари дуелот против “коцкестите” ќе го играат со почеток од 17:00 часот, а дербито на денот ќе го судат чешките арбитри Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни.