Приближно 500.000 лица во САД и Канада без електрична енергија

Студеното време предизвика хаос во Канада и Америка, сообраќајот е закочен, многу летови се откажаи, а речиси половина милион граѓани немаат електрична енергија.

Стручни екипи без прекин работат на отстранување на дефектите на електроенергетската преносна мрежа во североисточниот дел на САД и во источна Канада, поради кои речиси половина милион луѓе го просавуваат Божик во мрак и на студено.

Електропреносната мрежа беше оштетена во невремето што го погоди овој дел на Северна Америка во текот на викендот.

Во Торонто, каде температурата утрово се спушти до минус 15 степени Целзиусови, без електрична енергија се околу 70.000 луѓе. Во Онтарио без струја се 44.000, во Квебек – 28.000, а во Њу Бранзвик околу 29.000 лица. Канадската електропреносна мрежа соопшти дека некои корисниц иќе немаат електрична енергија до сабота.

При невремето животите ги загубија 24 лица, од кои поголемиот број поради од вдишување на јаглерод моноксид при обид да се стоплат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.