Причината за смртта на Тамара не е сколиоза, туку бронхопневмонија

Извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од инспекторатот, пишува „Здравство 24“.

Во извештајот било наведено дека директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија (акутно воспаление на респираторните органи).
Како што изјави професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во САД, за случајот не е виновна Владата, бидејќи дете со 50% пулмонален капацитет и со бронхопневмонија морало да биде однесено од страна на родителите да се лекува, а не да се чува дома. Докторите објаснуваат дека кога бронхопневмонијата не се третира, може да доведе до смртен исход. Извештајот од обдукцијата покажал дека причината за смртта не е искривувањето на рбетот или неизвршената хируршка интервенција. Покрај бронхопневмонијата, обдукцијата утврдила и воспаление на крајниците, бронхитис, обструктивен бронхиолитис, реактивно воспаление на регионалните лимфни жлезди. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дознаваме дека во извештајот од обдукцијата се наведени и неколку детали поврзани со редок синдром кој не бил претходно дијагностициран, и истите ќе бидат предмет на понатамошната истрага во основното јавно обвинителство, пишува „Здравство 24“.