Позната е причината зошто вчера падна Фејсбук

Позната е причината зошто вчера падна Фејсбук. Социјалната мрежа Фејсбук вчера вечер беше во прекин и на компјутерите и на мобилните телефони, а како што пренесуваат светските медиуми причината за „падот“  бил хакерски напад.

Нападот тргнал од повеќе земји. Бројот на нападите се менувал од минута во минута. Лоцирани се напади од Кина, Тајланд но и од голем број на земји до целиот свет.

По половина час, состојбата се врати во нормала и корисниците можеа да им пристапа на нивните профили.

Потсетуваме, ова  е трет пат во последните десет дена како Фејсбукот не работи.