Причини поради кои ќе зажалите што сте љубовница

Почетната страст и возбудувањето често се претвораат во разочарување, бидејќи односот се заснова на криење и лаги. На заљубените им растат очекувањата од партнерот, но и фрустрациите.

Криење

Иако едната страна во љубовниот однос ќе ја гледа магијата на врската без обврска или ќе се правда со минлива заљубеност, но таквиот „аранжман“ на долги патеки има многу маани. Прво е криењето, бидејќи љубовниците мора да се држат далеку од очите на јавноста. Магијата на забранетото овошје брзо избледува ако сте приморани времето да го поминувате во евтини хотелски соби или автомобили.

Лаги

Љубовничкиот однос подразбира многу лаги. Колку подолго трае таквиот однос, толку повеќе тие лаги се провлекуваат низ животот и предизвикуваат немир. Лажењето на родителите и пријателите е дел од тие проблеми, а повеќето од оние кои се во љубовниот однос, најмногу се лажат сами себе. Без разлика дали си зборуваат за тоа што го прават или се залажуваат во однос на емоциите.

par-1400238942-35994

Грижа на совест

Какво и да ви е религиозното убедување, општата социјална норма е дека бракот е нешто што не би смеело да се наруши. Тоа особено доаѓа до израз во приказните каде што постојат и деца. Иако тоа не е нешто се појавува додека љубовниците се занесени во страста, со текот на времето неизбежно се наметнува прашањето за последиците од таквиот однос.

Осудување

Луѓето ги осудуваат љубовниците, колку и да ве лажат во лице дека тоа не е така. Колку повеќе луѓе ја знаат целата приказна, кругот на осудување се проширува, а тајните лесно се издаваат и шират во облик на трачеви. Љубовниците брзо стануваат „неморални“, поради недостатокот на самодоверба, глупости и задоволување на ниските потреби.

par-u-automobilu-1406810020-43166 - Copy

На последно место

Колку и да ви се чинат внимателни, љубовникот или љубовницата доаѓаат секогаш после семејството и сопружниците од разни причини кои првично сте ги прифатиле. Ако со текот на времето се промени односот, се наметнува прашањето како претходно сте прифатиле.