Причини за крварење од носот и како да се запре?

Крварењето од нос најчесто се јавува кај деца или постари лица, а особено во текот на вирусни епидемии, кон крајот на зимата или почеток на пролетта, кога доаѓа до недостиг на витамни во организмот.

Крварењето се јавува одеднаш, често навечер, во текот на сон.

Слузницата на носот е богата со артерии и капилари, особено во предниот, долен дел на носната преграда, каде што најчесто доаѓа до крварење.

Причини за крварењето може да бидат фрактури, зголемен крвен притисок, болест на срце, анемија, заразни болести или преголем физички напор.

Изгледот и општата состојба на болниот зависи од интензиттеот на крварењето. Доколку крварењето е потешко, постои воочливо бледило на кожата, пулсот е забрзан, а понекогаш доаѓа и до колапс.

Неопходно е прво да се смири болниот. Главата мора да му биде наведната нанапред, па мора со палецот и показалецот да се фати носот, цврсто да се стегне 2-3 минути. На вратот да се стави ладна облога. Ако крварењето не запира, болниот треба да се однесе на лекар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.