Прием во Собрание по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вечер ќе приреди свечен прием.

На приемот е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.