Прифатени четири амандамни во резолуцијата на ЕП за Македонија

Европскиот парламент(ЕП) со 486 гласови за, 55 против и 29 воздржани ја усвоија резолуцијата за напреодокот на Македонија во 2013 година, предложена од британскиот европратеник Ричард Ховит, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Со усвоените четири од вкупно предложените седум амандмани на пленарната сесија не се измени многу изгледот на предложениот текст за денешното гласање од страна Ричард Ховит.

Европратениците го усвоија амандманот предложен од страна на холандската европратеничка Марије Корнелисен од групата на Зелените, при што се земаат во предвид мерките донесени од македонските власти во однос на неодамнешните извештаи за присуството на концентрирано количество на пестициди во земјоделските производи кои се извезувале во ЕУ. Со овај амнадман се повикуваат надлежните власти во Македонија да ја интенезивираат контролата и да го проверат на поефикасен начин почитувањето на европските фитосанитарни норми.

Групата на Зелените успеа да го стави и усвои во резолуцијата текстот со кој се осврнува на предлогот на Метју Нимиц за сложено име со географска одредница на нашата држава. „ЕП оценува дека тој предлог може да претставува добра основа за компромис под услов ако макеоднскиот идентитет, културата и јазикот нема да бидат ставени во прашање“.

Во резолуцијата Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.