Прифатени оставките на Петковски и Станковски

Управниот одбор на РФМ на ги прифати оставките на Зоран Петковски, досегашниот селектор на машката јуниорска репрезентација, и на Аце Станковски, селекторот на женската кадетска репрезентација, по слабите настапи на овие селекции на Европското првенство во Австрија, односно на Светското првенство во Македонија. Во иднина ќе се бараат други решенија, па дури и формирање на Стручен совет за младински селекции, а предлог се дадени имињата на Индира Кастратовиќ и на Лино Червар, кои би можеле да бидат креатори на целата стратегија и советници во работата на овие млади категории.

„Пласманите ги оценуваме како неуспешни. Целта на овие селекции беше пласман во втор круг , но не успеаја во тоа“, констатираше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Единствен кој не поднесе оставка, иако пласман и на машката кадетска репрезентација на ЕП во Полска беше оценет како незадоволителен, е Александар Јовиќ.