Прифатено барање на СЈО за „бомбите“ како доказ во случајот „Титаник“

Апелациониот суд во Скопје одлучи во вторникот дека повеќе од илјада прислушувани телефонски раговори, во кошто споре Специјалното јавно обвинителство (СЈО) формирано за нелегално стекнатите прислушувани телефонски разговори кои од пред две години ги емитуваше сегашната владејачка партија СДСМ, во кои има наводни индиции за изборни нерегуларности ќе бидат употебени во процесите.

Таканаречените бомби ќе бидат доказ и покрај тоа што законски овие материјали, кои се нелегално стекнати, не може да бидат доказ во судска постапка. Оваа одлука е скандалозна, затоа што судот ја донесе без образложение. Ваквата одлука, покрај тоа што е различна од тоа што налагаат македонските закони и пркоси и на практиката на Европскиот суд за човекови права. Во никоја од европските земји, докази кои се стекнати на ваков начин не се признаваат од судовите, пренесува Република.

Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, но и поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, а обвинет е и пратеникот Илија Димовски.

Од 21 обвинет само 12 преку жалба побараа повисокиот Суд да ја потврди првостепената одлука и прислушуваните разговори да немаат доказно дејство.

Според адвокатот на еден од обвинетите во овој случај, поранешниот премиер, Никола Груевски, тоа што Апелација ја прифати жалбата на СЈО, е срамно зло до степен на срам. Затоа побара судот да направи отстапка од досегашните одлуки со кои ги прифаќа бомбите.

Со инсистирањето на СЈО да бидат прифатени како докази во кривична постапка материјали кои се добиени од незаконско следење на комуникациите на илјадници граѓани во период од 8 години, и игнорирање на правното дејство на правосилното Решение КС бр. 127/15 од 04.11.2015 со кое дел од овие материјали веќе биле издвоени како незаконити докази, се врши систематско непочитување на ЗКП и на Законот за следење на комуникации, со што сериозно се повредува принципот на владеењето на правото, кој е вграден во Преамбулата на Европската конвенција за човекови права, а со тоа и во сите нејзини членови, вклучително и во член 6 став 1 од ЕКЧП. Според досегашната пракса на ЕСЧП членот 6 од ЕКЧП е релевантен и пред да почне судењето, доколку правичноста на судењето е веројатно да биде сериозно неправедна преку иницијалниот неуспех за усогласување со одредбите на ЕКЧП како што тоа е случај во конкретниов предмет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.