Прифатилиштето во Момин Поток отворено за бездомници

Црвениот крст на Град Скопје денеска во Момин Поток ќе го отвори привременото прифатилиште за бездомници. Одлуката следеше по најавите за пониски температури во наредниот период.

 

Следејќи ги најавите за студениот бран во наредниот период, Црвен крст на Град Скопје ќе го отвори Привременото прифатилиште за бездомници кое има капацитет да смести 20 лица во исто време. Бездомниците од денеска се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето во Момин поток, а понатака ќе ги следиме пропораките во однос на временските услови, соопшти Црвениот крст на Република Македонија.

Оттаму информираат дека за лицата ќе бидат обезбедени и дополнителни оброци и оти во целата активност ќе бидат вклучени повеќе од 30 волонтери и професионалци.

На терен ќе функционираат и мобилни тимови за да може полесно да ја следиме ситуацијата на терен и дојавите од граѓаните, се додава во соопштението.

Традиционалните активности кои ги добиваат во пунктот како облека, храна, хигиенски и берберски услуги, медикаменти продолжуваат на редовна основа.