Приходите и добивката на Apple пораснаа, продажбата на iPhone падна

Американскиот технолошки гигант Apple во првото тримесечје од 2017 година остварил приходи од 52,9 милијарди долари, 4,6 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, а бидејќи порасна и добивката, акцијата на компанијата се најде под притисок поради неочекуваниот пад на продажбата на нејзиниот најбаран производ, паметните телефони iPhone.

Според деловниот извештај, чистата добивка на Apple изнесувала во изминатиот квартал 11,03 милијарди долари, што е за 4.9 отсто од ланската година.

Меѓутоа, поради падот на продажбата на паметните телефони iPhone, цената на акцијата на компанијата во вторникот во продолженото тргување на Волстрит се лизна за речиси 2 отсто.

Поточно, Apple во минатиот квартал продал 50,76 милиони парчиња од разните модели на паметниот телефон, помалку отколку што очекуваа аналитичарите и помалку отколку во истиот период минатата година кога биле продадени 51,19 милиони iPhone-и.

Но и покрај падот на продажбата на овој уред, приходите на Apple од iPhone-те пораснало на годишно ниво за 1,2 отсто, благодарејќи главно на просечно повисоките цени на уредот.

Светлата точка во извештајот на Apple претставува и растот на приодите од услуги, кои меѓу другото ги вклучуваат и апликациите Apple Music, Apple Pay, App Store и iCloud, за 17,5 отсто на годишно ниво, на 7,04 милијарди долари.

Од друга страна, аналитичарите ги загрижи падот на приходите од продажбата во ткн Голема Кина, односно пазарите во Кина, Хонгконг и Тајван, што е вториот најголем пазар на Apple по американскиот. Приходите од овој пазар паднале изминатиот кварта за 14,1 отсто на годишно ниво, на 10,7 милијарди долари.

Слабеењето на побарувачката на уредот iPhone во Кина е последица од забавувањето на растот на тамошната економија, а со тоа и потрошувачката на населението, но и големата конкуренција на евтини паметни телефони од производителите од регионот.