Приходот на кралицата ќе порасне до 40 милиони фунти наредната година

Приходот на Англискaта кралица се очекува да порасне повеќе од 5 отсто следната година откако Круната објави рекордни профити. Суверениот Грант, кој ги покрива трошоците на официјалните должности на Круната, ќе достигне 40 милиони фунти следниот април.

Грантот е искалкулиран како процент од профитот на Круната, кој вклучува имоти како паркот Виндзор и голем дел од крајбрежната линија на Обединетото Кралство.

Во меѓувреме, Бакингемската палата пресметала дека отприлика една третина од приходите се трошат на одржување на палатите.

Сметките, покажуваат дека повеќе од 4 милиони фунти се трошат на преуредување на Палатата во Кесингтон во апартмани за ојводата и војвотката од Кембриџ и принцот Џорџ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.