Приходот од „Не се клади на Енглези“ за поплавените во штипско

Македонскиот народен театар вечер хуманитарно ќе ја одигра претставата „Не се клади на Енглези“. Приходот од оваа претстава ќе биде дониран за поплавените во штипско, пренесува МИА.

– Имајќи ја предвид вонредната состојба во Штип и околината, МНТ одлучи приходот од изведбата на претставата да биде целосно дониран на Општина Штип за да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки, соопшти националниот тетатар.

Кон акцијата ќе се приклучат и Драмскиот Театар и Театарот Комедија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.