Пријатели со бившиот партнер – Да или Не!

Ако неодамна забележавте дека бившиот или бившата ве тргнале од пријателите на Фејсбук тоа би можело да биде поради тоа што го виделе ова ново, прилично вознемирувачко, психолошко откритие.

Според студијата што ја објавија истражувачите на Универзитетот Оукланд, луѓето што имаат мрачна страна на сопствената личност, на пример оние што често со никого не се сложуваат, или се манипулативни, сакаат да експлоатираат, се луѓето што остануваат пријатели со нивните поранешни партнери, пренесува Бизнис Инсајдер.

Еве како истражувачите дошле до ова сознание. Прво, прашале 350 лица да најдат голем број причини за да останат пријатели со нивните бивши. Нашле причини што се поврзани со околу 150 фактори и ги поделиле на категории вклучувајќи и на доверливост/сентименталност, прагматичност и сексуални можности. На пример, причината „Знаеја да слушаат“ оди во факторот доверливост/сентименталност. „Ми требаа неговите/нејзините пари“ спаѓа во прагматичност и „Имавме секс од време на време“ оди во факторот сексуални можности.

Истражувачите побарале од другата група (околу 500 лица) да рангираат колку им е важен секој од 150-те фактори за, хипотетички, да останат пријатели со бившиот/бившата.

И на крајот, групата од 500 лица направила тест на личност што ја мерел „мрачната“ страна на нивната личност, односно некои негативни особини, како и искреноста. Кога велиме „мрачна“ страна на личноста мислиме на оние личности што го ценат сексот и кратките врски, ги ценат парите и моќта и можат да бидат поманипулативни.

Резултатите покажале дека учесниците што постигнале поголем резултат при мерењето на мрачната страна на личноста, почесто ги наведувале прагматичните причини за да останат пријатели со бившиот партнер. Учесниците што имале минимум поени кога е во прашање искреноста, ги наведувале сексуалните можности како причина.

Еден занимлив резултат покажува дека испитаниците ја рангирале доверливоста/сентименталноста како најважна причина поради која што остануваат пријатели со некогашната љубов. Прагматичноста и сексуалните можности се рангирани како најмалку важни.

Заклучокот спак не е дека ако сте пријател со бившиот партнер дека сте зрели за во болница. Всушност ако тоа пријателство функционира добро и ве прави среќни тогаш веројатно ништо не ви треба. Но, ако постои некоја скриена причина поради која што се дружите, бидете внимателни. Тоа би можело да биде знак дека тие не се баш најстабилните, но и најдобрите личности во вашиот живот и дека би требало да поминувате помалку време со нив.