Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер

Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер. Информацијата дека актерската екипа на „Пријатели“ повторно ќе се собере заедно пред камерите изненади голем број фанови низ целиот свет, но еден од актерите од познатата шесторка најави дека нема да учествува на собирот.

Актерот Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг, објави дека нема време за „Пријатели“.

Претходно телевизиската куќа Ен-Би-Си најави дека Метју Пери, заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ќе учествуваат во двочасовна специјална епизода посветена на режисерот Џејмс Бароус.

– Метју нема да биде дел од собирот, бидејќи се наоѓа во Лондон на проба за својата претстава „The end of Longing“, изјави портпаролката на актерот, додавајќи дека Ен-Би-Си знаеле за тоа, но сепак го најавиле неговото присуство.

Специјалната епизода од „Пријатели“ е најавена за 21 февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.