ВИДЕО: Пријателскиот пречек на Груевски во Израел – потврда за одличните односи меѓу двете држави

Нетанјаху во својата изјава посебно ја нагласи и соработката во областа на одбраната и безбедноста, поле кое токму некои структури се обидоа да го нарушат преку делувањето на Заев, па оваа изјава на генералот Биби (прекарот на Нетанјаху) е директна порака до сите нив дека со Македонија имаат цврста и многу важна и значајна соработка.

Груевски беше третиран во Израел со висока почит и во стил на голем пријател. Имаше заедничка прес- конференција со лидерот на Израел која зрачеше со срдечност и пријателство. Нетанјаху на својот официјален профил го објави и видеото од средбата.

За разлика од ова, Заев, кој пред неколку месеци престојуваше во Израел беше оставен да дава изјава пред зградата на некоја државна институција додека во позадина се шетаа туристи по влечки, што доволно говори за тоа какво е мислењето на Израел за Заев.

Заев во Израел
Заев во Израел

Дополнително, посетата на Заев на еврејската држава беше окрактеризирана со скандали, откако  израелското МНР интервенираше и ги демантираше изјавите на лидерот на македонските опозиционери, скандал кој стигна и до ударните страници на европските и бриселски весници.

Потпишана Декралација за пријателство со Израел
Потпишана Декралација за пријателство со Израел

Од друга страна пак, Груевски ја потпиша декларацијата за пријателство од стратешко значење, што претставува уште еден чекор плус во унапредување на односите и порака од Израел дека Македонија за нив е многу важна. Се’ на се’, 100:0 за Груевски во однос на Заев, коментираат познавачите, доказ дека државната политика е умешност која очигледно Заев ја нема и доказ дека односите меѓу две пријателски земји не може да бидат засенети од егзибициите на Заев и неговите измислици, пишува порталот.

Европските весници за изјавите на Заев за посетата на Израел
Европските весници за изјавите на Заев за посетата на Израел

Груевски во рамки на посетата поентираше тројно: ја покажа цврстината на пријателството на двете земји, потпиша договор за пријателство од стратешко значење и успеа да потпише и договори кои значат унапредување на односите за инвестиции, економска соработка и здравствена соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.