Пријавени штети од серијата земјотреси на подрачјето на Скопје

Во врска со серијата земјотреси кои се случија на подрачјето на Скопје на 11 овој месец, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар паднати се кабли од бандера врз куќа, пукнати цевки од топлификација и поплавени простории во МРТВ, прекин на електрична енергија во ПСОН Центар, оштетени две патнички моторни возила.

На подрачје на Бит Пазар, соопшти денеска МВР, оштетени се две патнички моторни возила, пукнати sидови и плафони во куќа, оштетен кров и таван од куќа.

Во Драчево пријавено е целосно срушен кров од куќа, а во Чаир опожарена куќа.

На подрачје на Аеродром поплавени се простории од пукнати цевки за парно греење во три стана, стои во соопштението од МВР.

На подрачјето на Кисела Вода, за време на земјотресот, од кров паднале неколку керамиди при што, при излегување од дома едно женско лице било повредено во глава, рамо и нога. Истото, од страна на семејството било однесено во ГОБ „Наум Охридски“ каде бил извршен лекарски преглед и каде биле констатирани телесни повреди по што лицето било пуштено на домашно лекување.

Истиот ден, во периодот од 18  до 19 часот, претставник од СВР  Скопје (Единицата за известување и команда) присуствувал на состанок со градоначалникот на Град Скопје и Кризниот штаб, при што, согласно ситуацијата, не било побарано дополнително или засилено присуство на полицијата на терен, со исклучок на превентивно обезбедување (со редовна смена) на влезовите од медицинските установи-ургентни центри за непречено донесување на евентуално повредени лица.

Како последица на земјотресите, соопшти МВР, утврдено е дека има оштетувања и на службени простории кои се во состав на СВР Скопје и тоа: во објекти на ПС ОН  Бит Пазар,  ПС за БПС, ПС Карпош, ПО Арачиново,  објектот каде се сместени комисиите на ОУСН и ЕПОИ АЛФА и просториите во МРТВ каде е сместена ЕКРА.

За констатираните оштетувања, се подвлекува, се изготвуваат службени белешки и ќе бидат пријавени на телефонскиот број 195.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.