Пријавени за исчезнати две лица

Во непознат правец заминале едно 12 годишно девојче, штитеничка на ЈУЗДВ Дом „25-ти Мај“ и 32 годишна скопјанка.

Според МВР вчера во ПС„Чаир“М.З.вработена во ЈУЗДВ Дом „25-ти Мај“пријавила дека на 13.05.2015 година од домот во непознат правец се оддалечила 12 годишна штитеничка.Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден  во ПС„Карпош“ В.П.А.(68) пријавил дека истиот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Х.П.А.(32).Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.