Пријави бучава и загадуање во Центар

Од утре жителите на општина Центар ќе можат да пријавуваат проблеми со бучава, загадување и хигиена.

Од општината информираат дека граѓаните  може да се јавуваат секој работен ден од 8 до 16 часот на телефонските броеви:  3203 614,  3203 697 и  3203 677.

Инспекторите од општина Центар по пријавувањето на проблемот, ќе излезат на лице место да ја утврдат состојбата и да ги преземат неопходните чекори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.