Пријави за комарџии од Битола и Прилеп

Битолската полиција завчера спроведе контрола во шест објекти, на подрачје на Битола и Прилеп каде 11 лица биле затекнати како играат комар.

Од страна на полицијата одземени се разновидни предмети и тоа: кутии за жетони со клучеви за истите,  направа за делење карти, жетони,  зарови,  неколку шпила карти како и  парични средства во износ од 45.840 денари и 20 евра.

За констатираните неправилности ке бидат поднесени соодветни пријави.