Пријавил „полицајци од Илирида“, па признал дека излажал

Поради непознати причини, лице пријавило во полиција инцидент кој потоа признал дека го измислил.

Вчера, околу 18 часот во ЦИК-Скопје, К.С. пријавил дека на последна 45-ка во населба Ченто-Скопје, две непознати машки лица со црн „џип“, со црни униформи на кои на грбот на албански им пишувало „Полиција“, а на ракавите „Илирида“, со црвени беретки, со пушки во рацете, му се обратиле со зборовите „Ние сме полицајци од Илирида“, по што му побарале лична карта, а потоа се упатиле кон селото Арачиново.

При разгоров со полицијата било утврдено дека пријавителот од негови лични причини настанот го измислил и го пријавил во полиција. Според МВР, констатиран е прекршок и  лицето ќе биде казнето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.