Пријавување за наградата 13 ноември до 10 – ти овој месец

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, го распиша Конкурсот за доделување на наградата за 2014 година.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и на  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Пријавите за Наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на Наградата заклучно со 10 септември 2014 година, (архива–барака 16, на Град Скопје бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк).

 

Наградите се врачуваат на посебна свеченост од Градоначалникот на Град Скопје, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Градот.