Економија

Пријавување за земјоделски субвенции до 31 мај

Пријавување за земјоделски субвенции до 31 мај

Пријавувањето за субвенциите за поголем дел од земjоделското производство е до 31 мај, а исплатата е според сезонскиот карактер на производството.

Полјоделците кои одгледуват житни и индустриски култури ќе добијат по 9.000 денари по хектар, а  за поголеми површини субвенциите процентуално ќе  се намалуваат.

Дополнителни 1 000 денари ќе се добива и за производството на  добиточната храна, потоа по 3.000 за сончоглед, ориз и за  употреба на  сертифициран семенски материјал.

За доматот и краставиците субвенциите се 30.000 денари, а за другите видови зеленчук, 25. 000 денари по хектар.

За лубениците и дињите подршката е 6.000 денари.

Годинава тутунарите добија и 60 денари за килограм суров тутун произведен во 2013 година.