Приказна за скриените милиjарди…

Рудолф Август Еткер го делеле само седмици пред почетокот на офицерскиот стаж во СС единиците на нацистичка Германија кога дознал дека неговата мајка, двете полусестри и очувот загинале при бомбардирање во германскиот град Билефелд.

Таа загуба не преставувала само лична трагедија за тогаш 28-годишниот кадет Еткер. Тоа било удар за компанијата Др. Август Еткер, еден од главните снабдувачи на германската војска на фронтот во Втората светска војна.

Еткер е ослободен од сите должности за да ја презеде контролата над семејниот бизнис во октомври 1944 година. Во следните шест децении, поранешниот СС офицер, обучуван во Даха го проширил производството, се посветил на шпедиција, прехрана, пијалоци, банкарство, хотели.. Создал конгломерат со повеќе од 26.000 вработени и годишни приходи од 10,9 милијарди евра!

„Луѓето во компанијата  се уште го сметаат за херој, кој создаде голема компанија по војната“, вели за „Блумберг“, Свен Келер, коавтор на истражувањето за улогата на семејството Еткер во Третиот рајх: “Потребно е да се согледаат двете страни на личноста.“

Еткер почина во 2007 во 90 –тата година, оставајќи зад себе осум деца од три брака. Нивната империја денеска вреди околу 12 милијарди американски долари, според податоците од „Индекс на милијардер на Блумберг“.

Индивидуално, никој од потомците се уште не се појавил на меѓународната листа на најбогати.

Секое дете на Еткер (и нивното семејство) контролираат по 12,5 отсто од холдинг компанијата „Др Август Еткер“ со седиште во Билефелд, велат од компанијата.

„Еткер е стабилна династија. И не ја преселија компанијата во Швајцарија, како што тоа го напраија многу успешни германски семејства“, забележува во разговорот за „Блумберг“ авторот на семејната биографија “Еткерови“, Рудигер Јунгблут.

Приказната за богатството на Еткерови почнува во 1891 година кога аптекарот Август Еткер почнува да продава долготраен прашок за пециво, а историјата го паменти како првиот кој во Германија продавач еднократни пакувања прашок за пециво и пудинг во прав. Неговиот единствен син, Рудолф, убиен е кај Верден во Франција, 1916 година како офицер на германска војска.

Три години подоцна, вдовицата на Рудолф, Ида Мејер се омажила за Рихард Каселовски, близок пријател на нејзниот покоен маж, така тие двајца, заедно со помладиот брат на Август, Луиз Еткер, го презеле бизнисот во 1921 година. Изградиле повеќе фабрики, се прошири и во други бизниси во Германија, вклучувајќи и произвдство на машини за шиење, како и хемиската индустрија.

 

До смртта на Луиз Еткер во 1933, Каселовски веќе бил во редовите на нацистите, а Адолф Хитлер канцелар. Кон крајот на 30-тите години од минатиот век, Каселовски веќе бил во групата бизнисмени и нацистички службеници кои ги собрал озогласениот Хајнрих Химлер.

„Бил нацист по убеедување и многу заинтересиран за стекнување углед и блиски контакти со водечките партиски функционери“, вели семејниот биограф.

Компанијата ја снабдувала воената машина на Третиот рајх, а освен податоци за готвење – како што тврди комисијата за истражување на улогата на Еткерови – во нивната фабрика се произведувале и топовски гранати и делови за митралези МГ 42. Во погоните на нивната хемиска индустрија, работеле воени затвореници, тврди Комисијата.

Според зборовите на коавторот на ова истражување, Келер. „Каселовски и Етке само ја искористиле приликата која им ја пружила режимот. Планирале победничка војна и се погрижиле војниците на фронтот да го јадат нивниот пудинг.“

Младиот Рудолф Август Еткер е регрутиран 1940 година и доброволно се пријавила за СС година дена подоцна. Неогвата обука за офицер почнала 1942 година и едно време бил обучуван во кампот во Дахау, каде, како што се наведува во истражувањето, затворениците од концетрационите логори, ги подготвувале собите за војниците.

 

Еткер го заробиле Британците во мај 1945 година. Две години подоцна, ослободен е и се вратил на чело на компанијата. Во прилог на неговата работа во поствоена Германија му одела и монетарната реформа и ниската инфлација. Во 1950 година, Еткер произведувал 750 милиони пакети прашок за пециво и пудинг. Во следните две децении го откупил бизнисот и на голем производител на шампањ, приватна банка, шпедитерска компанија…

 

Еткер по третпат се оженил во 1963 со Маја фон Малезе, кој му родила три деца. Се пензионирал во 1981 година, а го наследил најстариот син, Август. Пензионерските денови го минувал собирајќи уметнички дела и проширувајќи го луксузниот хотелски синџир на француската ривиера, во Германија, Париз…

 

До смртта во јануари 2007, Рудолф Август Еткер останал на чело на компанискиот советодавен одбор. Пет години пред смртта, го препишал поголемиот дел од своите акции на осумте деца и нивните семејства, пишува во книгата „Еткерови“.

 

Семејното богатство најмногу го чинело синот Ричард, кој во 1976 година е киднапиран на паркинг пред факултетот. Младиот Еткер бил држен 47 часа во дрвена кутија и го мачеле со електрошокови, поради што останал инвалид. Ослободен е откако неговиот татко платил откуп од 21 милиони германски марки. Приказната е опишана во филмот „Танц со ѓаволот“ од 2001 година во кој што ликот на киднаперот го толкува двократниот Оскаровец Кристоф Валц. Ричард Еткер денеска има 63 години и е прв човек на компанијата.

Наследниците преед објавувањето на истражувањето за Еткер никогаш не се изјасниле за нацистичкот минато на семејството.

 

Најстариот син, Август, се огласил за германскиот магазин „Цајт“, во интервју во октомври лани:

 

„Мојот татко беше национал социјалист. Секога кога ги знаеме фактите, маглата се расчисти.“

 

Инаку, се покажало дека Еткерови биле поблиску до режимот на Адолф Хитлер отколку што се морало.